Прилепчанец прегазен на пешачки премин, го удрил 71 годишен возач

На 18.11.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(71) од Прилеп, удрило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп, информира МВР.

Во несреќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.