Прилепчанец загина во сообраќајка кај селото Беранци

52

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера напладне на патот Битола-Прилеп, кај селото Беранци.

Од МВР инфрормираат дека автомобил „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Б.Н. од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник.

Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.