6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Прилепски мотоциклист тешко повреден во судар со автомобил

Возрасен моторист од Прилеп е тешко повреден по судир во саботата со автомобил БМВ, соопшто во неделата Министерството за внатрешни работи.

Педесетиедногодишен прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа, што вчера се случила во Прилеп на улицата „Иво Лова Рибар“.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил “БМВ“ управуван од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на мотоциклот бил пренесен во Градската болница во Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп