Прилепскиот пазар во иднина ќе произведува електрична енергија

Се планира да бидат поставени 1.300 фотоволтаични панели, со кои ќе се покрие целиот пазар и кои би произведувале 271,8 kw електрична енергија на ден. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на површина од 3.500 метри квадратни со кои ќе се обезбеди електрична енергија за околу 3.000 светилки.

prilep1

За целиот проект наскоро треба да биде изработена и физибилити студија која треба да покаже на каков начин ќе се користи електричната енергија. Дали таа би се акумулирала во одредени инвертори или пак таа би се внесувала директно во системот на ЕВН од каде понатаму ќе се дистрибуира до крајните корисници. По изготвувањето на физибилити студијата следува и изработка на проектот. Средставата пак за овој проект се планира да бидат обезбедени преку ЕУ фондовите.

prilep3

Инаку досега за подобрување на условите и модернизирање на пазарот од 2004 до 2016 година се инвестирани 25 милиони денари. Прилеп доби современ и целосно покриен пазар, се изгради нов млечен пазар, се изградија нови деловни објекти, се репарираа дел од тезгите, се поставија хидранти насекаде во пазарот, изградени се јавни тоалети, поплочен е стариот градски пазар со бекатон плочки на површина од 5.000 м2, се изврши реконструкција на целокупната водоводна мрежа во рамките напазарот и се реализираа уште многу други инвестици.

prilep4

Освен поставувањето на фотоволтаичните панели во иднина се планира исто така и реконструкција, доградба и проширување на постојните деловни простории  околу текстилниот  пазар. Ќе се реконструира и модернизира управната зграда. Ќе се постават подземни контејнери во просторот на пазарот и околу него, со што ќе се обезбеди повисок стандард на одлагање на сметот кој се собира во пазарот и тоа ќе бидат првите подземни контејнери кои ќе бидат поставени во Општина Прилеп.

prilep5

Исто така планирано е да се реализира проект за дотур на стока до тезгите на закупците, дуќаните во пазарот и дуќаните во центарот на градот со електрични возила. Ќе се замени осветлувањето во целиот пазар со штедливи лед светилки, а се планира и организирање на делови за цветен пазар и дел каде ќе се продава сертифицирана органска храна.

prilep6

Ова се само дел од проектите кои се планира да се реализираа во периодот од 2017 до 2021 година и кои според проценките би изнесувале околу 50 милиони денари.

prilep8

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.