Принципите на Мицкоски без Политиканство ќе донесат Промени, Правда и Обнова, ако не…

453

Лидерот на опизициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечра пред сопартијците во салата „Јане Сандански“ изнесе неколку начела кои ќе бидат водилка во изборната кампања, но и постулати во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори на 12 април идната година. Правда, Принципи, Промени, Обнова Политиканство.

Не се непознати овие принципи во нашата политика, и по редот на нештата гласно се кажуваат дека партијата е во опозциција, а како навлегува подлабоко во владеењето потивко се говорат, по можност и не се зборува за нив. Малку од овој колосек излезе сегашниот премиер на кого му остануваат уште неколку денови од владеењето, правдата и правдината почна да ги бара откако пукна големата афера „Рекет“, токму за оние кои треба да ја споведуваат Правдата.

Но да се вртиме на Мицкоски кој со четирите П навестува победничка стратегија на изборите и поимање на владеењето во поинаков облик.

Тој вели правдата ќе стане заштитен знак и нивни бренд нејм ќе се спротивстави на мафијата и на гнилиот систем кој не влече надолу. Потенцира дека не смее да има невини луѓе во затвор, патриоти кои се таму затоа што ја сакаат Македонија и во затворите да има луѓе кои ограбиле трафика со повисоки казни од оние политичари кои го ограбиле народот. Кажува големи морални вредности и обврски кои беа дел од ветувањата и на Љубчо Георгиевски во 1998 година и на Никола Груевски во 2006 година, неговите преходници во ВМРО-ДПМНЕ.

И како што вели тој „таа (правдата) е апсолутна, таа е единствена и безмилосна“ и ако отстапи ќе му се случи пето П – Проблем. Добро е што во  и сто време ги опоменува неговите сопартијци дека и тие може офкаат ако немаат Одговорност.

„Ќе има такви кои ќе се изгорите од мечот на правдата, зашто сте нанеле неправда, и ви кажувам сега, за да знаете дека нема да има изговори утре колку и тоа да е болно за нас, одговорност мора да има засекого“, го впери простот Мицкоски во своите.

Принципите се основа на посотоењето и битисувањето на човекот и на другите сегементи во едно општетсво. Но, од нив имаше многу отстапки, посебно од политичарите Македонци, затоа тие ќе треба се потенцираат уште сега, а по освојувањето на власта и да бидат уште поизразени.

„Јас ќе ви кажам дека во политиката има принципи, иако политиката до сега во Македонија не беше таква. И ние заедно со тие принципи ќе ги донесеме, воведеме и зацвртстиме принципите во Македонија. Не смее некој да има приоритет, а способните, вредните и најквалитетните да бидат на дното на листата на приоритети, најквалитетните на врвот на листата на приоритети“, гарантира Мицкоски.

Принципите во оваа насока треба да значат и погледнување во сопствениот двор и во најблиските соработници, односно дали се способни да одговорат на неговите барања и дали го имаат тој интелектуален капацитет. Тоа ќе биде добар вовед во конституирањето на владиниот/извршен тим по победата на изборите, како што ја наветсува Мицкоски. Критиката, односно спротивното мислеење да биде прифатено како основно начело за поквалитетни одлуки и решенија, а не потиснување за да не се загрози некој со послаб квалитет.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека на политиката повеќе не смее да се гледа како извор на богатење и затоа ќе донесат закон за испитување на потеклото на имотот на функционерите, за да се види кој се збогатил со труд, а кој со крадење, а украденото да оди назад кај граѓаните. Токму во 1998 година Љубчо Георгиевски даваше големи ветувања дека ќе ја преиспита матната приватизација, но со неколку влегувања во некои фирми на покојниот Пане Велев и на Љубе Бошкоски, по малку на еден каубојски начин, се заврши целата работа, а подоцна некои посеганаа и по нелгални работи и безочно богатење.

Затоа и во рамките на сегашните закони има можност за проверка кој како се збогатил, но за таква работа ќе мора да се има силна амбиција која нема да наштети на тековното рабоење, при што Принципите без Политиканство ќе бидат главната водилка до Правдата без Пормени и квалитетна Обнова на мислењето ако во мрежата се фатат и тајкуните кои покажаа дека имаат големо влијание во општетсвото, а со тоа и кај политичките партии.

Промените мора да се случат не заради промени, туку за доброто на државата, на сите нас, оти пополека стануваме опустошена земја со стари луѓе и изгубено верување во системот кое најтешко се прифаќа од младите генерации.

Ако нема вистински промени во економијата, образованието, земјоделието, здравството, културата, начинот на размислување, тогаш нема да зборуваме за Обнова, а промената на власта ќе изгуби смисла и по кој знае кој пат ќе ја слушнеме синтагмата „затоа ги изгубивме изборите“. На никого нема да му фали влакно од косата, но ќе ни фали народ кој се повеќе е убеден дека среќата може да ја најде само во странство.

„Заедно да ја вратиме Македонија во рацете на народот, и да ја вратиме вербата во нас самите како народ како држава, да си го вратиме македонизмот во Македонија. Власта на народот е одземена, одлучуваат и одлучувале мали групи на луѓе согласно свои интереси, време е да се врати во ваши раце, да си ја земете власта и да им кажете на сите што мислите за нивните корупциски афери, за нивните предавнички потези, за непотизмот, за злоупотребите, за тоа што ве потценуваат, за тоа што ве срамат кај ќе стигнат“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ…

Ова се доста силни зборови, затоа ќе ги паметиме,но и почесто ќе потсетуваме на нив, за доброто на Македонија, во спротивно Обновата ќе се урниса во Пропаст.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.