Принцот Чарл и неговата сопруга ја започнуваат турнејата по Западен Балкан

Престолонаследникот на Велика Британија, принцот Чарлс од Велс, и неговата сопруга Камила Паркер, војвотката од Корнвол, денеска од Загреб ја започнуваат турнејата во земјите од Западен Балкан – Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово, со цел промовирање на мирот, помирувањето, обновувањето и поддршката за младите, пренесува БТА.

Денеска тие ќе имаат средби со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и со премиерот Тихомир Орешковиќ, а предвидено е и да присуствуваат на прославата во Народниот театар по повод 70-годишнината од создавањето на Британскиот совет во Хрватска.

Утре кралската двојка ќе го посети градот Осиек, каде што ќе присуствува на средба со различни локални верски и етнички заедници.

Ова е десетата посета на принцот Чарлс во овој регион, а прва на војвотката од Корнвол.

Тој првпат ги посети Хрватска, Црна Гора, Србија и БиХ во 1978 година.  Досега ја посетил Босна и Херцеговина четири пати, Хрватска – четири пати, Македонија и Косово еднаш.

Нивната турнеја ќе трае до 19 март.