Принцот Чарлс примил ковчег со милион евра

Принцот од Велс од поранешниот катарски премиер примил ковчег со милиони евра во готовина, објави весникот The Sunday Times.

Како што пренесува BBC, весникот наведува дека тоа е една од трите парични донации на шеикот Хамад бин Џасим бин Џабер Ал Тани кој беше катарски премиер од 2007 до 2013 година, во вкупен износ од три милиона евра.

Од Кларенс Хаус рекоа дека донациите од шеикот веднаш се проследени на една од добротворните организации на принцот, како и дека сѐ било спроведено според пропишаната процедура.

Нема навестувања дека плаќањата биле незаконски. Меѓутоа, се забележува дека веста доаѓа кога принцот од Велс се обидува да ја поправи сликата за човековите права во Обединетото Кралство со прогласување национален ден на сеќавање на жртвите од британската трговија со робови. Притоа, Катар долго време е критикуван поради сопствениот историјат за човековите права.

Според The Sunday Times, принцот Чарлс од поранешниот катарски премиер веќе примил три парични донации во периодот од 2011 до 2015 година. Се тврди дека во една прилика парите биле предадени во Кларенс Хаус во голема патна торба. Од друга страна, медиумите известија дека готовината се наоѓала во вреќички на стоковната куќа „Fortnum and Mason“.

Весникот наведува дека парите биле дадени во банкноти од 500 евра, сега веќе отфрлена деноминација наречена „Бин Ладен“, поради нејзината поврзаност во финансирањето теророзам.

„Добротворните донации примени од шеикот Хамад бин Џасем веднаш се проследени до добротворните организации на принцот која спровеле соодветна контрола и нѐ увери дека сѐ е одработено во согласност со пропишаните процедури“,