Принцот Чарлс заразен со коронавирусот

Директниот наследник на британскиот престол, 71-годишниот принц Чарлс, е заразен со новиот тип коронавирус и се наоѓа во самоизолација со сопругата Камила, соопшти во средата неговиот кабинет во Клиренс-Хаус.

„Принцот од Велс направи тест на коронавирусот, кој се покажа позитивен. Има благи симптоми, но истовремено се чувствува донро и последните неколку дена работи од дома. Војвотката од Корнвол, исто така, се тестираше на коронавирус, што покажа дека таа не е заразена. Според препораките на владата, двојката се наоша во самоизолација во нивниот дом во Шкотска“, се наведува во соопштението.

Анализите биле извршени во лабораторија во болницата во грофовијата Абердиншир.

Од дворецот известуваат и дека не е можно да се утврди од кого принцот Чарлс се инфицирал со вирусот, поради неговото учество на бројни јавни настани