Принцот Хари ќе ги објави своите мемоари кон крајот на 2022-ра

Британскиот принц Хари пишува мемоари за својот досегашен живот кои ќе бидат објавени кон крајот на 2022 година, соопшти во понеделникот издавачот „Penguin Random House“.

Книгата ќе даде „конечен приказ на искуствата, авантурите, загубите и животните лекции кои му помогнале да се изгради“, објави издавачот.

Хари и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл, поранешните војвода и војвотка од Сасекс, се откажаа од своите кралски должности на почетокот од 2020 година, а сега живеат во американската сојузна држава Калифорнија со своите две деца.

Двојката ја шокираше британската монархија во март годинава во снименото телевизиско интервју со познатата американска теелвизиска водителка Опра Винфри во коешто Меган го обвини кралското семејство дека било загрижено за темната кожа на синот на двојката поради нејзиното полуиндијанско потекло, како и дека ја довеле до работ на самоубиство.

Хари вели дека пишува мемоари „не како принц каков што е роден, туку како човек кој станал“.

„Во текот на годините се најдов во секакви улоги и се надевам дека раскажувајќи ја својата приказна, подемите и падовите, грешките, научените уроци, можам да покажам дека, без оглед на тоа од каде потекнуваме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, порачува во писмената изјава принцот Хари.