12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Принцот Хари пред нервен слом: Со денови не излегувал и пиел антидепресиви

Пред две недели, принцот Хари и Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралските должности затоа што сакаат да живеат самостојно во Канада.

Двојката го стори тоа на крајот на минатат година, кога се преселија заедно со нивниот син Арчи, кој ќе го прослави својот прв роденден во мај .

Сепак, според пишувањата на en24.news, Хари и Меган не отишле во Канада сами – имено, тим од терапевти кои се грижеле за наводната емоционална слабост на принцот патувал со нив.

Хари се плашел дека Меган ќе го остави и ќе го земе бебето. Тој имал сериозни проблеми и бил пред  нервен слом. Не излегувал надвор од вилата со недели. Лекарите му препишале лекови против вознемиреност, а со Меган отишле на редовна семејна психотерапија – тврдат извори блиски до парот.

Хари, додаваат тие, е подготвен да стори апсолутно се за неговата сопруга и смета дека ова е „неопходна жртва и единствената надеж за зачувување на бракот, но исто така и негов здрав разум“.

Но, кралскиот биограф и новинар Пени Џуниор не е премногу оптимист – згора на тоа, таа смета дека принцот, вртејќи го грбот од кралското семејство, е „на безбеден пат до самоуништување“.

– Меган беше несреќна и го повлече емоционално нестабилниот Хари со себе. Неговата одлука за преселба дополнително ја засили принцот Ендру, велејќи дека, за жал, покрај неговиот постар брат Вилијам, тој секогаш ќе биде ’втора виолина’ (истото се случи со него – имено, Ендру живеел во сенката на неговиот постар брат, принцот Чарлс) …

Исто така, кралската „компанија“ ги користи парите за да ги контролира Хари и Меган. Веројатно ќе го присилат да ја напушти сопругата еден ден, исто како што тврди принцот Ендру дека му направиле со неговата сопруга Ферги … “, убедена е Пени Џунор.