Припадниците на овој хороскопски знак немаат душа

208

Од се она што во продолжение ќе прочитате ќе произлезе дека припадниците на овој хороскопски знак се доста пресметани, интелегентни, не сакаат да се заморуваат со нелогични работи или просто речено „немаат душа“.

Станува збор за еден аналитички ум што постојано ги скенира туѓите зборови, ги пакува и ги обработува. Тие незнаат нешто да му препуштат на случајот. Се мора да биде испланирано, поставено на своето место и тоа е единствениот начин на кој знаат да функционираат.

Тие се секогаш пресметани, знаат како работите да ги поделат на ситни делови за да ги одработат без ниту една грешка, а станува збор, како што сигурно веќе претпоставивте, за припадниците на хороскопскиот знак Девица.

Тие не прават пропусти, тоа ги навредува и тоа ним неможе да им се случи. Нивниот мозок е сличен со оној на близнаците, што воопшто не е чудно ако се знае дека и со двата знака владее планетата Меркур. За разлика од близнаците кои се забавни, девиците незнаат да се забавуваат.

Тие едноставно незнаат да ја скратат приказната. Ако не образложат се, исто како да не кажале ништо. Мошне лесно се навредуваат, ако некој ги прекине. Затоа што секогаш се нервозни, некогаш знаат наеднаш да го повишат тонот до урлање, за до крај да го објаснат она што го започнале. Не дозволуваат да бидат прекинати.

Тие се луѓе „со краток фитил“. Се згорзуваат од човечката глупост, неточност, спротивставување… Имаат тенки нерви, а реакциите им се мошне бурни. Тие се големи злопамтила. Во секој разговор може да запаметат по некој детал што сите би ги заборавиле, но тие никогаш не забораваат.

Имаат фотографска меморија, математички точна. Тоа што се мошне интелегентни често ги води во конфликт со самите себе и со емоциите. Се мора да има логика, а во емоциите има најмалку логика. Со вакви мисли ќе остарат. Кога ќе се најде пред нешто што е нелогично, девицата го губи тлото под нозе и бара нешто на што може да се потпре.

Тие незнаат да живеат, одат по нереални и лажни патеки. Мора се да знаат и се да има основа, почеток, средина и крај. Очекуваат и бараат чистота и точност, а самите знаат да бидат немарни и неточни.

Тие се ужасно недоверливи кон партнерот. Го задушуваат, посесивни се и ужасно се љубоморни. Не постои понапорно суштество од љубоморната девица. Ќе направат се само за да докажат дали партнерот ги изневерува.

Тие никому не му веруваат. Нивниот сомнеж од нив прави вистински будали. Иако се свесни за тоа, тоа е посилно од нив и додека не ги истераат работите до крај, не отстапуваат. Кога ќе ја дознаат вистината, ќе се помират со неа, без разлика на тоа каква е. Тие не бараат ништо друго, туку само да си докажат и себе си и на другите околу нив дека биле во право.

Девиците никогаш незнаат да бидат „папучари“, а со нив уживаат само мазохистите. На девиците единствено им се важни парите што многу ги сакаат, но не знаат како со нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.