Припадник на обезбедувањето на Бајден уапсен во Јужна Кореја

Припадник на тимот задолжен за безбедноста на американскиот претседател Џо Бајден е уапсен во петокот во јужнокорејската престолнина Сеул обвинет дека во алкохолизирана состојба нападнал граѓанин на Јужна кореја ден пред посетата на Бајден, објави полицијата.

Членит на тимот кој работи за американското Министерство за внатрешна безбедност, е притворен во раните утрински часови во четвртокот, откако влегол во кавга за такси, соопшто портпаролот на полицијата на округот Јонгсан.

Инцидетот се сличил пред хотелот „Grand Hyatt“, каде што го очекувале пристигнувањето на престседателот на САД. Јужнокорејската полиција не сакал да го открие името или другите информации за осомничениот.

И американското Министерство за внатрешна безбедност одбила да одговри на барањето на агенцијата Reuters за коментар.

Телевизискиот канал TV Chosun, кој прв извести за инцидентот, објави дека осомничениот е во 30-тите години и дека е уапсен откако гостин во хотелот повикал полиција.

Министерството за внатрешна безбедност ја вклучива Тајната служба, агенцијата задолжена за безбедноста на претседателот и неговото семејство, како и другите највисоки американски функционери. Припадниците на Тајната служба и во минатото беа вклучени во инциденти поради проблематично однесување во странство.

Бајден својата азиска турнеја од 20-ти до 24-ти мај на Јужна Кореја и Јапонија, ја започна во петокот со гаф, кога го измеша името на претходниот и на актуелниот јужнокорејски претседател.

Како што пренесуваат локалните медиуми, веднаш по слетувањето на претседателскиот авион „Air Force One“ во воздухопловната база Осан крај Пјонгтаек, јужно од Сеул, Бајден се упатил кон фабриката за чипови на „Samsung“, каде на двајцата челници им се придружил и челникот на компанијата Ли Џае-јонг, кој имал воведно обраќање, пред да се обратат и претседателите.

„Многу ви благодарам на сите, Вам претседателе Мун…Јун, ви благодарам за сѐ што направивте“, рекол Бајден заклучувајќи го својот говор пренесувана на YouTube каналот на Белата куќа.

Инаку, по изборите на 10-ти мај на местото на јужнокорејски претседател на местото од Ли Јае-Мунг од владејачката Демократска партија, дојде Јун Сук-јеол од конзервативната главна опозициска Партија на народна моќ.

Инаку во текот на целиот говор Бајден неколкупати правилно го изговорал името на јужнокорејскиот претседател, освен на крајот.