Приштина ги укина мерките на реципроцитеткон Белград, одлуката стапува на сила веднаш

51

Авдула Хоти на седницата рече дека со решението се отстраниле сите пречки за продолжување на дијалогот, а доколку нема поволнен исход, ќе се врати мерката за реципроцитет. Одлуката стапува на сила веднаш.

Одлуката додаде Хоти,е привремена и може да трае еден ден, еден месец, една година…

– Очекуваме Србија да стави крај на кампањата против признавањето на Косово. Очекуваме нашите партнери да извршат притисок врз Србија – изјави Хоти.

Владата на денешната седница ги поништи претходните решенија на владата на Албин Курти од 20 март 2020 година за постепена примена на реципроцитет за Белград и решението од 30.05.2020 година за изменување и дополнување на првите решенија за таа мерка.

Претставниците на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадина гласаа против оваа одлука.

Ова е една од четирите точки на агендата на состанокот на владата во Приштина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.