Приштина ќе ја тужи Србија за геноцид

156

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи денеска на седница на Советот за безбедност на ОН за Косово рече дека Приштина наскоро ќе покрене тужба против Србија за геноцид и ќе побара отштета, објави МИА.

Според него, за тоа се подготвува соодветна документација. Тачи додаде дека Приштина ќе побара независна меѓународна истрага за настаните во Куманово кога во оружен судир загинаа осуммина македонски полицајци и 14 напаѓачи.

– Косовската полиција го осудува насилството. Нема да поддржиме ниту една акција што би ја дестабилизирала Македонија. Силно го поддржуваме Охридскиот договор – наведе Тачи.

Како што јави Танјуг, наводите за формирање голема Албанија тој ги отфрли како неосновани и оцени дека Белград и Приштина наскоро треба да пристапат кон „меѓусебно признавање“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.