Прислушувањето најчесто се користи за откривање нарко дилери

48

Тајното следење лица во земјава најчесто се користи за откривање нарко дилери. Ова го покажува годишниот извештај на Јавното обвинителство за употреба на посебни истражни мерки. Според документот кој денеска зад затворени врати беше презентиран пред Собраниската комисија за следење на комуникациите, во 2019-та, обвинителството следело вкупно 338 лица. Тајно ги снимало со кого се среќаваат и телефонски комуницираат.

Најголем број на случаи во кои се применувале пи – мерки се однесуваат на кривичните дела против здравјето на луѓето, односно неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

За откривање на корупција, според документот, тајното следење било користено во 20 случаи.

ПИ-мерки се користеле во девет случаи во кои постоел сомнеж за злоупотреба на службена положба, а за потврдување на кривичното дело поткуп, тајното следење, обвинителството го употребило 11 пати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.