Прислужник на британската кралица приведен за кражба од Бакингемскиот дворец

Припадник на прислужниот персонал на британската кралица Елизабета Втората признал дека од нејзината официјална резиденција, украл предмети вредни околу 100.000 фунти, објави The Daily Mail.

Претходно лондонската полиција објави дека привела еден од кралските службеници, осомничен за кражбата на неколку вредни предмети од Бакингемскиот дворец. Прислужникот ги изнесувал предметите во периодот од 11-ти ноември 2019 до 7-ми август 2020 година.

Според весникот, 37-годишниот Адамо Канто украл витешки медал од редот Бани, кој му припаѓал на настојникот на кралскиот дворец се Ентони Џонстон-Берт, и го продал на интернет аукција на eBay за 350 фунти. Исто така, го украл медалот на командантот на Кралскиот Викторијански ред, кој му припаѓал на Ричард Метју Сајкс, кој на кралскиот дворец служел до 2007 до 2010 година, кога му го подарила кралицата.

Покрај тоа, Канто признал дека украл и други предмети, меѓу кои и фотографии со автограм на принцот Вилијам и на Кејт Мидлтон, како и албум со форографии од кралскиот државен прием во чест на посетата на америакнскиот претседател Доналд Трамп.

Некои предмети кралскиот прислужник ги украл од продавницата во дворецот, некои од ормарите на магазините, билетарницата за изложбениот простор Royal Collection, продавнциата при Кралската галерија и трезорот на војводата од Јорк. Истовремено вкупно 37 предемети ставил на продажба на eBey по цени значително пониски од нивните реални вредности, а утврдено е дека Канто заработил 7.741 фунта.

Окружниот суд го ослободил Канто со соодветна кауција и го препратил предметот за пресуда до друг суд, предупредувајќи го дека му се заканува затворска казна.

Весникот наведува дека сите украдени предмети не било можно да се вратат, а од Бакингемскиот дворедц одбиле да го коментираат инцидентот.