Пристанишните работници во Барселона одбиваат да товарат оружје поради убивање на цивилите во Газа

Пристанишните работници во Барселона, едно од најголемите пристаништа на Медитеранот, на неодредено време одбија да претоваруваат оружје на бродовите поради масовните страдања на цивилите во војната којашто Израел вели дека ја води против милинатното палестинско движење Хамас во енклавата Појасот Газа, соопшти нивниот синдикат во вторникот.

„Ние, работниците, не сакаме да бидеме учесници ниту одговорни за убиства на која и да е територија“, објави синдикатот OEPB во кој членуваат 1.200 пристанишни работни.

Синдикатот додаде дека не знае дали во пристаништето е складирано оружје, но доколку добие информација за тоа, нема да го товарат на бродовите. Неколку невладини организации веќе со години известуваат за бродови во чиишто контејнери се превезува оружје, па работниците очекуваат информации од нив.

„Нема да ја запреме војната, но доколку успееме со својот пример да ги поттикнеме и другите пристаништа на ваков потег, ќе бидеме задоволни“, изјави за новинарите портпаролот на синдикатот Себастијан Хугует.

Истакна дека оружјето нема да се товари без оглад на тоа кому е наменето и во кој дел од светот е упатено.

Шпанија во првата половината од 2022 година извезла воена опрема во износ од 1,3 милиони евра, а испораките во Израел изнесувале девет милиони евра, според достапните официјални податоци.

Шпанија не планира да извезува никаква смртоносна воена опрема којашто би се користела во војната во Појасот Газа, извести минатата седмица шпанската новинска агенција EFE, повикувајќи се на неименувани извори од владата во Мадрид.

Синдикатите на транспортните работници во Белгија во понеделникот ги повикаа своите членови да не товарат воена опрема којашто се испраќа во Израел. Синдикатите ACV Puls, BTB, BBTK и ACV-Transcom тврди дека службениците на аеродром виделе пратки со оружје.

„Додека геноцидот во Палестина е во тек, работниците на повеќето аеродроми во Белгија гледаат пратки со оружје во насока на воената зона“, објавија белгиските синдикати во заедничко соопштение.

Во САД, кои се најголемите снабдувачи на Израел со оружје, повеќе од стотина демонстранти во понеделникот го блокираа влезот во пристаништето Такома на западот на земјата. Веруваат дека бродот „MV Cape Orlando“ треба да натовари оружје и опрема за испорака во Израел. Демонстрантите со своите автомобили го блокираа влезот во пристаништетот во обидот да ги спречат работниците да го натоварат бродот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.