Пристигна тимот германски форензичари кои ќе ја истражуваат трагедијата во болницата во Тетово

Во земјава денеска пристигна тимот од германски форензичари , кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба (BKA), кој пристигнa денеска, првично е составен од двајца крим-техничари/форензичари за истражување на пожари и двајца крим-техничари/форензичари за ласерско мерење на простории и фотографирање.

Германските експерти ќе работат заедно со крим-техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната Ковид-19 болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.