Пристигнаа 3.320 вакцини на „Фајзер“ од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка од вкупно 8-те илјади дози вакцини на Фајзер, донација од Србија. Филипче заедно со неговиот српски колега Златибор Лончар лично ја претоварија пратката од автомобилот, со кој српските власти ги транспортирале вакцините до Табановце, во наше комбе.

Првата пратка од 4.680 дози вакцини Фајзер од Србија пристигна во нашата земја на 14 февруари. Со таа пратка кај нас на 17 февруари официјално започна процесот на имунизација против Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.