Пристигнаа вакцините против сезонски грип, вакцинацијата започнува следната недела

Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население пристигнаа во Македонија. Во тек се законските процедури во МАЛМЕД, со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата Абот од Холандија.

-Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, порачуваат од Министерството за здравство.

Воедно, Министерството испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

-Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од МЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.