Колумни

Притисок

Притисок

Првин мислев дека е нешто со мене, дека заради годините и навиките дека си предизвикувам главоболки кои ме кинеа како никогаш досега. Говорам за последниве неколку години. Но оваа година е апсолутен шампион во личниот рекорд на испиени кафетини, парацетамоли, апсирини и слични пи*кесиматерини против постојаната акутна главоболка. Море прегледи, море јоги и алтернативи .. .слабо скоро никаков ефект. Нормално – ненормално, сите прегледи, крвни слики, канцер-тестови, ректални сонди па и папа-николау (иако немаше како, мене инат ме фати) па викам – прегледуј докторе, да не сум фатил кламидија или можеби да не сум забременил, свашта се дешава. Ниедна снимка ЦТ, рентеген, анализа не покажаа ништо ненормално, напротив, младичу ти си подобар одошто пред 10 години. Џенкујем докторе, ама зошто факин се осечам полошо?

Бидеејки сум астроном – ептен – аматер, повеќе се билдам на таа тема со литература и имам прилично добро познавање на она што е во сончевиот систем. Венера е планета која е скоро како нашата планета, иако ротира ептен бавно, скоро цела наша година и треба за една ротација, но гравитацијата e скоро иста колку на нашава планета … па сепак, ако таму стапнете има да бидете спи*кани ко лименка у рука на билдер на шанк на кого пијан жгољо на поминување му ја грабнал девојката му за “стражњица” пред да направи сукано од него. Настрана превисоката температура, атмосферскиот притисок е 90 пати поголем одошто на нашата планета затоа што има многу погуста атмосфера. Поради тоа притисокот на површината е огромен и просто неверојатен. Ете, зад симболот на убавината во суштина е вистинска слика на пеколот.

Каква врска има … Дај вака, сум практичен човек кој повеќе верува на науката одошто на јутјуб полуписмени теоротеичари кои не разликуваат ауспух од кемтерјл, туку друго ми е. Оваа година како никогаш досега бевме под силна циклонска активност, 4-5 месеци постојано беше облачно и со дождовни денови колку не се пматат допсега, а и сеуште е така. Влагата во воздухот е постојано висока … нејсе, знам дека аплогетите на егзактната наука ќе ми кажат дека тие параметри не се многу повисоки од вообичаеното, па сепак, кога го поставив прашањето до моите фанови како сте со главоболки се извадив од памет колку луѓе ми се пожалија и колку лекари ми пишаа дека даваат лекови за главоболки оваа година како што семкар ти мери кикриски и сончоглед во фишек. Иако емпириски нема причина, повеќето од нас не може да се метеопати, но на некој начин физички го чувствуваме тоа некакво невидливо тешко влажно бреме над нас.

Тешко дека плата ќе извадам као пишувам за метеопатија и психопатологија, но покрај ова временско искушение кое те тера да се запрашаш дали тумор маркерите те лажат и дека “елиен” ти има снесено јајце у главата, ние, како нација, сме неколку години под ненормален притисок да направиме исчкор, промена на свеста и светогледот за себе, за она што сме и што треба да направиме. Да има друг пример, лесно е, ќе се повикаме на преседан, но нема, и затоа е тешко, многу тешко. Таман да мрднам исчекор во тој правец одозгора само ќе ме пристисне, и ако наслушнам ќе чујам Quo vadis?

Апологетите на одлуката како треба да се определиме За или Против – се такава збирштина од морони идиоти и малоумници да просто и да посака човек да направи револуција во сопствениот став, кога ќе го видиш умот и дебилниот сурат на “аналниот”, стварно си викаш – Господи, до толку сум ти згрешил? За жал, состојбата и вис-верса е потполно иста. Апологети како слика во огледало. Знајте и едните и другите се ист сој – платени за да го прават тоа што го прават. Каде да се пронајде нормален, едуциран и продуховен човек во овакво време? Како да го реши притисокот со кој се соочува во слепоочниците. За ова нема аналгиетик, ова е само одлука за самоизлекување, одлука која е тешко да се проголта затоа што треба да си го погазиш егото и да застанеш на ист став со такви дебилни ликови како што не би му поскал никому ни во автобус да се возите и тоа зглобен и да сте на два краја. Одлуката нека биде ваша, не слушајте никого, не слушајте го своето его, ни туѓата пропагнада, уште помалку домашната, оти има еден глас во вас кој е повисоко од се она што мислите дека сте, дека едноставно имате само еден правилен пат и една одлука и дека тој пат одамна ви е трасиран и асфалтиран. Да, ќе се движите по него со креатури кои не би сакале да ги има во ноќна мора ни вашиот непријател, но патот е тесен. Треба да се помине Црвеното Море и кога се поминувало не секој бил среќен што го напуштил ропството во комотниот Египет, но за тоа во другиот текст.

Мене ми помина главата, дали оти донесов одлука или се проретчија облаците, не е важно., само знам дека не можам да влијаам на некои работи, можам само да се прилагодам и да најдам начин како да продолжам понатаму. Чадор можам да извадам, ама да го сменам времето – никогаш нема да можам.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес