Притвор за дадилката што крвнички тепа дете среде игротека

Дадилка среде игротеката „Дежа ву“ во скопски аеродром утрово брутално претепала дете на околу две годишна возраст. Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња, а на видео снимката, објавена на фан страницата на „Дежа ву“ на „Фејсбук“, се гледа како во еден момент жената со влечење седнува едно од дечињата во скут, брутално му ја затвара устата со рака за да не плаче, па го врти и му удира шлаканици, по што грубо го седнува спроти неа, јави ТВ Алфа.

Тука видеото се прекинува, па нејасно е дали ваквиот однос продолжува. ПР менаџерот на кафулето Зоран Василевски за Алфа вели дека на останатиот дел од снимката од безбедносните камери се гледа како истата жена го удира детето и од столиците и од подот. Тие засега не се јавно достапни, но од игротеката ги доставиле во полицијата откако го пријавиле инцидентот.

-Го фрла од столче на столче, го треска од земја, го дави, има и една снимка каде буквално со раката му ја покрива устата и носот, детето се обидува да и ја тргне раката. Другите две деца си играт во позадина, во игротеката, таа буквално го плеска детето како да е кукла, од земја, на столче, од подот, страшно е, вели за Алга ПР менаџерит на „Дежа бу“, Зоран Василевски.

Тој појаснува дека за време на монстуозното однесување кон детето, никој не забележал дека жената малтертира дете, вработените слушнале плач, но помислиле дека тоа паднало низ игра.

-Кога ќе помине чуварот таа се однесува фино и културно, а кога ќе замине тој, таа почнува со малтретирањето, веројатно не сфатила дека има камера, вели Василевски.

Од МВР за Алфа велат дека дадилката е уапсена.

-Утврдено е дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето. Негователката е приведена и известен е Јавен обвинител за натамошна постапка. Инцидентот е пријавен од страна на сопственик на  угостителски објект. Тој околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете, велат оттаму.

Од МВР додаваат дека известен е и Центарот за социјални работи.

Сличен случај на физичко насилство од страна на дадилка имаше пред неколку години. Шеесетгодишната дадилка беше осудена на 14 месеци затвор за сторено кривично дело „запуштање и малтртирање на дете“.