Притвор за двајца косовски Срби поради вршење притисок за да се гласа за Српската листа

Основниот суд во Гњилане им одреди 30-дневен притвор на косовските Срби Ж.Д. и В.Б., кои обвинителството во тој град ги терети за вршење притисок врз гласачи на парламентарните избори што ќе се одржат в недела, на 6 октомври, да гласаат за партијата Српска Листа (СЛ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што е соопштено, три лица од српска националност ги пријавиле осомничените дека на 26 и 27 септември во континуитет вршеле пристисок врз в недела да ја поддржат и да гласаат за СЛ.

Со ова, според обвинителството, Ж.Д. и В.Б. извршиле кривично дело „повреда на слободната определба на гласачите“, кое се санкционира со Кривичниот закон на Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.