Притвор за маж кој сакал да прегази комунални инспектори и полицаец

Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 53-годишниот ресенчанец со иницијали Н.К. поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 143 ст 3 од КЗ и две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл. 383 од КЗ.

Имено, вчера на 25 јуни осомничениот е уапсен зашто претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства во центарот на Прилеп околу пладне.

За да го запре, полицаецот пукаше во гумите од возилото. Целата ситуација беше шок за граѓаните кои во тоа време се најдоа пред градскиот пазар.

Н.К. е приведен во прилепската полиција, изведен е пред судија на предходна постапка при што му е одреден притвор во траење од осум дена во КПУ Затвор Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.