Притвор за млад битолчанец фатен со половина килограм марихуана

Млад битолачанец си заработи 30 дневн притвор бидејќи полицијата го фатила со половина килограм марихуана.

Според полициските  информации завчера при редовна контрола на автомобил бил фатен 25-годишниот А.В. како пренесува марихуана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред два дена битолската полиција при редовна конторла стопирала автомоби „сузуки марути“  кој го управувал А.В. При детален претрес на автомобилот на совозачкото седиште во црна јакна пронајдена и одземена е најлонска паковка која при првичните анализи утврдено е дека се работи за 542 грама марихуана.

Од страна на судија на пријавениот му е определена мерка „притвор“ во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.