Притвор за ограбувачите на бензинска во Велешта

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, 24-годишен жител на село Велешта и 27-годишен државјанин на Република Албанија, се гонат за разбојништвото кое на 3 август годинава го извршиле во бензинската пумпа на „Макпетрол“ во Велешта.По интензивно преземање дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени беа лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. Поради постоење на законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените лица, велат од ОЈО.