Притвор за силувачот на три деца во тетовско​ – осомничениот им се заканувал на децата со пиштол и нож

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој сторил три кривични дела  – Силување од член 186 став 2 во врска со став 5 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои  наполниле 14 години. Тој упатувал закани, уцени и сила кон децата, по што ги принудувал повеќе пати на полови дејствија. Се заканувал со пиштол и нож, како и со објава на компромитирачки фотографии кои ги направил, па го искористил стравот кај децата за да го врши делото.

По донесување на  Наредба за спроведување истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвиниелството  и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.