Притвор за скопјанец кој криел ЛСД во својот дом

Триесетдневен притвор за скопјанец кој во својот дом имал 100 таблетки ЛСД.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 32-годишниот Б.Т. доби 30-дневен притвор бидејќи планирал да продава ЛСД таблетки кои ги купил во Романија.

Според информациите од полицијата, Б.Т. минатата година работел како диџеј во Романија од каде за 500 евра купил 100 парчиња синтетичка халуциногена  дрога ЛСД. Дрогата во форма на картонски перфорирана сликовница со апликации “Човек на точак 1943“ и “Алберт Хофман“ ја внел во Македонија каде планирал да ја продава.

Поради основано сомнение, извршен е претрес на неговиот дом, каде полицајците пронашле и заплениле  60 хартиени маркици синтетичка дрога ЛСД и други непознати растителни и прашкасти материи, кои се предадени за вештачење.