Притворен дилер на хероин од Битола

245

Полицијата уапсила битолчанец осомничен дека продавал хероин и марихуана на локалните зависници, информираше МВР. Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.П.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги ,психотропни супстанци и прекурсори.

Според МВР, дилерот подолг период од непознато лице набавувал поголеми количини хероин и марихуана, кои во неговиот дом ги препакувал во помали пакувања и ги продавал на зависници.

Полицијата во средата по претходно добиена наредба од Основен Суд Битола извршила претрес во домот и во авттомобилот на О.П., при што биле пронајдени три најлонски пакувања со хероин со маса од 74 грама, едно најлонско пакување со марихуана, дигитална вага со траги од хероин, една дробилка со траги од марихуана, како и банкноти во различни апоени во висина од околу 57.000 денари.

Судија на претходна постапка од Основен суд Битола на О.П. му одредила мерка притвор во траење до 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.