Притворен маж во Франција уапсен со сомнителна електронска опрема

REUTERS/Philippe Laurenson

На мажот кој во саботата е уапсен на железничката станица Сен Шарл во Марсеј, на југоистокот од Франција, со сомнителна електронска опрема којашто може да се употреби за изработка на експлозивни направи, во неделата му е продолжен притворот за уште 24 часта, изјавил за агенцијата AFP јавниот обвинител Ксавиер Тарабо.

Осомничениот е сместен во притвор поради „злосторничко здружување поради извршување кривично дело“. Полицијата настојува да ги расветли мотивите на притворениот чиешто „необично“ однесување загрижило една патничка која го пријавија на воената патрола на железничката станица во Марсеј.

По апсењето, при што мажот не давал отпор, станицата била затворена речиси четири час, за да можат пиротехничарите да го прегледаат неговиот багаж. Електронската опрема пронајдена кај него „не е опасната самата посебе“, но може да биде „дел од експлозивна направа“, изјавил обвинителот.

Во саботата педесетгодишниот се претставил како Чеченец, иста етничка припадност како и напаѓачот со нож седмицата во Париз, но не сакал да го открие своето име.

Градоначалникот на Марсеј, Жан-Клод Годен, веднаш по апсењето изјави дека е „спречен напад“, меѓутоа антитерористичкото биро на париското државно 12-тобвинителство досега не примило никакво барање за постапување.

На 12-ти мај дваесетгодишен француски државјанин од чеченско потекло убие еден и рани уште четворица случајни минувачи во Париз во напад со нож, за што одговорноста ја презема џихадистичката група Исламска држава.

Во саботата во чеченската престолнина Грозни во напад врз црква беа убиени двајца полицајци и двајца парохјани, кога четворица вооружени напаѓачи се обидоа да земат заложници во црквата Архангел Михаил. Во секавичната операција на чеченските безбедносни сили беа ликвидирани напаѓачите, а чеченскиот лидер Рамзан Кадиров рече дека „постојат оперативни сознанија дека групата добила наредна за напад од една од западните земји“.