6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Притворени Нефи Усеини и неговиот брат

Нефи Усеини и неговиот брат спроведени во притвор.

Нетпрес дознава дека се приведени охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини и се спроведени во осум дневен притвор кој им беше одреден поради инцидентот во кој тие физички го нападнале охриѓанецот Спире Топалоски.

Во изминатите денови браќата Усеини беа во бегство и недостапни за полицијата а денес самите се пријавиле во полициска станица.

На 20 август на двајцата им беше изречена мерка притвор во траење од осум дена и беа недостапни за органите на прогонот.

Нефи Усеини е првиот човек на партијата ДУИ во Охрид. Партискиот лидер Али Ахмети вчера за случајот пред медиумите рече дека таквите прашања не може да ги решава партијата туку органите на прогонот односно обвинителството и полицијата. Кривични пријави против Усеини беа поднесувани и во минатото за повеќе случаи на насилство, физички напади, узурпација на простор.