Притворени повеќе од 120 членови на италијанската Камора

Повеќе од 120 членови на италијанската криминална организација Камора се фатени во специјална полициска операција во различни делови на Италија, пренесува Би-Би-Си. Италијанските безбедносни сили утрово соопштија дека се притворени стотици учесници во организираната криминална група.

– Во операцијата против Камората се конфискувани имоти и други предмети во вкупна вредност од 130 милиони евра, соопшти Министерството за внатрешни работи во Рим.

Притворените членови на влијателните мафијашки кланови Контини, Милардо и Личарди се обвинети за создавање и учество во организирана криминална група, рекетирање, трговија со оружје и наркотици, перење пари и друго.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие можат да добијат доживотни казни.