Приватните компании на Заеви и Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата

Наум Стоилковски денеска за медиумите даде изјава во која кажува дека среде епидемија луѓе трпат, енергенсите поскапуваат, економијата тоне, додека министерот за финансии си ги спасува парите од банка во пропаст и зема пари од буџет за својата фирма.

Во продолжение интегрален текст од изјава за медиуми

„Владата на Зоран Заев должи одговор пред јавноста за сите сомневања за незаконитости врзани со довчерашната министерка за финансии Нина Ангеловска.Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата. Заев треба да одговори на кој начин неговата довчерашна министерка искористила над пола милион денари државна помош за нејзината приватна фирма додека стотици други имаат клуч на врата.

И фирмата на Заеви, Еленица доби државна помош од над 800 илјади денари. Дали парите за државна антикризна помош се наменети за полнење на приватните џебови за политичари на власта.

Нина Ангеловска ја нема во составот на владата, но тоа не значи дека може да избега од одговорност. Зад Нина Ангеловска и Зоран Заев како нејзин шеф остануваат една пропадната банка и афера од 200 милиони евра, зголемен долг од 1 милијарда евра и 40 илјади невработени. Тоа е наследство на Зоран Заев.

Илјадници пензионери ќе останат без пензии, илјадници други без своите заштеди во Еуростандард банка, а Нина Ангеловска од позиција министер за финансии си ги извлече своите 250.000 евра пред да пропадне банката! Огромен скандал, огромна афера. Пропаѓа банка на која должник и се струмички фирми блиски до Заев, министер, односно Ангеловска си ги вади стотиците илјади евра, среде афера тешка 200 милиони евра!

И додека економијата тоне  селективноста на власта за делење помош го предизвикува тоа, министер за финансии Нина Ангеловска три месеци од државната каса си дели плати на своја фирма! Бесрамно си додели државна помош на својата фирма од буџетот со кој треба да управува. Среде епидемија луѓе трпат, енергенсите поскапуваат, економијата тоне, ама министерот за финансии си ги спаси парите од банка во пропаст и зема пари од буџет за својата фирма!

Дали владата на Зоран Заев ќе побара истрага од институциите за кривична одговорност за Нина Ангеловска за можни злоупотреби својата положба во два наврати? или ќе премолчи и ќе го крие скандалот чекајќи да помине, заради струмичките фирми кои влечеле кредити без покритие од банката но и заради помошта за плати земена за фирмите на фамилијата Заеви?!

Почитувани, министрите на Заев се негова слика и прилика- криминал, лаги и злоупотреби! Тоа мора да застане, државата тоне во долгови заради нивните злоупотреби. Одговорност мора да има!“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.