Министерството за внатрешни работи информира дека по претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(32) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик.
На 28.10.2022 по добиена судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на осомничениот и во неговото патничко моторно возило „БМВ“, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари, мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.