Приведен 47-годишник во Кочани, крадел од објекти на Општата болница Кочани

На 31.01.2023, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.А.(47) од Кочани.

Тој се сомничи дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ на 30 и 31.01.2023, при што од два објекти во рамки на Општата болница Кочани одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени.

По целосно документирање на случаите, против К.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.