Приведен американскиот милијардер Епштејн под обвинение за трговија со луѓе

A

Властите на сојузната држава Њујорк го притвориле во саботата американскиот милијардер Џефри Епштејн под обвинение за трговија со луѓе поради сексуална експлоатација, објави електронското издание на весникот The New York Times.

Според извештајот, Епштејн пред судот ќе биде изведен во понеделник. Телевизиската мрежа CBS News во својот прилог, пак, наведува дека Епштејн бил аупсен откако неговиот авион со кој летал од Париз се приземјил на аеродром во сојузната држава Њу Џерси, соседна на државата Њујорк.

Весникот, меѓу другото, истакнува дека Епштајн во минатото добро се познавал со актуелниот републикански претседател Доналд Трамп, но и со поранешниот демократски претседател Бил Клинтон.

Новинската агенција Associated Press пренесува дека апсењето на сега 66-годишниот Епштејн може да е поврзано со настаните од 2007/2008 година кои ја возбудија американската јавност. Тогаш милијардерот беше овинет дека користел услуги на малолетни проститутки. Во 2008 година тој ја призна вината за подведување малолетнички за проституција, и мина во затвор околу 13 месеци.

Неименуван правосуден соговорник на агенцијата рекол дека најновите обвиненија против Епштејн произлегуваат од наводите дека тој плаќал малолетни девојки за масажи и ги злоставувал во неговите домови во Њујорк и на Флорида,