Приведен бегалец од затвор, осуден за убиство на 16 години

Криминалистичката полиција при СВР Битола денеска по распишана централна потерница од слобода го лиши Р. Р.(60) од с. Маково, општина Новаци.

Тој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп.

-Р.Р. е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело “убиство” по чл. 123 од КЗ, а за доиздржување има 9 години и 7 месеци. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.