Приведен Бојко Борисов и други членови на ГЕРБ

Министерството за внатрешни работи на Бугарија врши претреси на различни адреси. Приведени се поранешниот премиер Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова и поранешната шефица на владината служба за информирање Севдалина Арнаудова, потврдија за БНТ извори од МВР.

„Нема никој над законот!“ напиша премиерот Кирил Петков на својот Фејсбук профил.

Според ГЕРБ, сепак, тие не биле приведени, туку биле претресени нивните домови.

Шефот на европското обвинителство Лаура Ковеши пристигна во Бугарија на 16 март. Таа рече дека истражува 120 наводи за злоупотреба на европските фондови. Сигналите се однесуваат на измама со европските фондови, главно поврзани со јавни набавки, злоупотреба на земјоделски субвенции, измами во градежниот сектор и фондовите за закрепнување по ковид-19.

Претходно денеска беше одложена редовната седница на Советот на министри, а од владиниот прес-центар не ја образложија причината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.