Приведен дилер на амфетамин во Скопје

Во неделата, во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на улицата „Љубо Петровиќ“ кај 39-годишниот Ж. Ј. во Скопје.

При претресот во неговиот дом во скопски Бутел, се пронајдени едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин, како и марихуана, сад со синтетичка дрога амфетамин, вага со остстоци од амфетамин.

Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во ПС Гази Баба и против истиот од страна на СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од КЗ.