Приведен дилер од тетовско Доброште, пронајден кокаин

Во вторникот вечерта околу 23 часот, во тетовското село  Доброште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот Н.А. од ова село, кај кого биле пронајдени 13 паковки кокаин.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.