Приведен гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угостителските објекти

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 13 часот го лишија од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради непочитување на владината одлука за затворање на угостителските објекти.

Како што информираат од МВР, во неговиот угостителски објект на ул. „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со „корона вирусот“, неколку лица биле послужени со храна во внатрешноста на објектот.

А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

МВР апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.