Приведен Косовец, сопственик на фирмата нарачател на контејнерот со пилешкото месо во кој е отриен кокаин чија дестинација била Македонија

Албанската полиција привела две лица во врска со запленетите 45,5 килограми кокаин во пристанишниот град Драч, чија дестинација била Македонија.

Станува збор за 30-годишниот Арбен Феризи, жител на Приштина и администратор на компанијата „Апетит груп”, која била нарачател на пратката-контејнерот со пилешкото месо од Бразил, каде била отриена е дрогата.

Второпритворениот е 39-годишниот Егерт Варгу жител на Тирана, царински агент договорен од компанијата „Апетит груп”.

Бродот во кој бил контејнерот во Драч пристигнал на 12-ти јуни од грчкото пристаниште Пиреа, а отпловил од Драч на 13-ти јуни. По добиените информации по оперативен пат албанската полиција во средата доцна попладнето почнала со детална контрола.

Во среата ноќта беше објавено дека во контејнерот со пилешко месо, нарачка за трговски субјект во  Македонија, се откриени се 40 пакетчиња со кокаин, односно вкупно 45,5 килограми. Пакетчињата биле обвиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.

Претставник на компанијата негирал каква и да е поврзаност со дрогата, додавајќи дека „неговата компанија работи добро и нема потреба да се занимава со дрога”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.