Приведен крадец во Прилеп, откако бил фатен на дело

Денеска во 04.00 часот на ул. „11 Октомври“ во Прилеп од полициски службеници е лишен од слобода Е.Ќ.(36) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од патничко возило, со прилепски регистарски ознаки.

Е.Ќ. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.