Приведен криумчар, пронајдени шест лица мигранти

Во понеделникот (25.07.2022) во 21.40 часот на автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода 29-годишниот О.Б. од селото Црвени Брегови, неготинско, информира МВР.

Тој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија.

Возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар. О.Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.