Приведен кумановец осомничен за ограбување стан

Во понеделникот вечерта во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 40-годишниот И.В. од Куманово.

Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во станбен објект на улицата „Народна револуција“.

И.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.