Приведен кумановец во чие возило се пронајдени седум мигранти од Куба

Кај наплатната станица Демир Капија, во вторникот вечерта околу 19.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода  50 годишниот Ф.А. од Куманово, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба.

Од МВР денеска информираа дека тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот  центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.