Приведен маж од Студеничани за доиздржување на затворска казна

Изутринава во 5.25 часот во селото Студеничани, скопско, полицијата го привела  М.А. (38) кој се барал со потерница  за доиздржување на затворска казна во траење од три години и 10 месеци во КПУ Идризово, а во врска со чл. 215 од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.