Во неделата вечерта во 21.10 часот на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода 21-годишниот Н.Ј. Скопје.
Тој е осомничен дека сторил кривично дело „разбојништво“ претходно на 17-ти септември во спортска обложувалница на улицата „Финска“ во Скопје.
Подоцна, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајден пиштол „Екол&Волтран Туна“ со два куршума во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.
Бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.