Приведен охриѓанец поради поседување марихуана

Во средата во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Н.Т. на 35 година од Охрид.

При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.