Приведен осомничен за предизвикување на пожар во скопско

Ф.С.(59) од скопското село Долно Количани синоќа бил приведен во Драчево поради сомнение дека предизвикал пожар.

Полицијата реагирала по пријава според која бил забележан возач на „шкода фелиција“ кој со запалка запалил сува трева покрај патот што води за село Парагуша.

Пожарот потоа бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.